Што е пресудно за да играте во Барселона: Дали може играч со ваква статистика да го носи дресот на „Камп Ноу“?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Срамна статистика на напаѓачот кој е платен 30 милиони евра.

    Пако Алкасер е едно од најголемите промашувања во летниот преоден рок и дефинитивно е најслабото засилување на Барселона.

    Тој стигна од Валенсија да биде поддршка за триото МСН и адекватна замена во отсуство на Луис Суарез, но во овој момент покажа дека не заслужува поголема минутажа.

    Тој на претходниот натпревар со Малага по прв пат беше стартер во еден натпревар и беше еден од најслабите на теренот во дресот на Барселона.

    Интересна е и статистиката дека не ја допрел топката од 10-та до 41-та минута од натпреварот.

    По тоа се обиде со различни движења по теренот да се вклучи во игра, а тоа очигледно не му успеа.

    Младиот шпански напаѓач оваа сезона одигра 411 минути на теренот и нема постигнато гол, а можеби уште повеќе боли фактот дека не им помага на своите соиграчи со своето движење на теренот.

    Ова движење на Пако Алкасер на натпреварот со Малага покажува дека бил статичен околу шеснаесетникот, но тоа беше сосема безопасно и незабележително.