Што е следно: Еве какво ќе биде продолжението со сагата на Гонзало Игуаин?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гонзало Игуаин пред почетокот на тековната сезона беше член на Јувентус.

Тогаш во Торино пристигна Кристијано Роналдо и Аргентинецот ги поремети сите планови.

Мораше потоа „Пипито“ да замина на позајмица во Милан, но не му процветаа рози ниту на „Сан Сиро“.

Маурисио Сари го посакуваше во Челси, на крајот желбата му беше исполнета, Јувентус го прекина договорот со „Росонерите“ кои не се бунтуваа премногу и го испратија Аргентинецот на позајмица на „Стемфорд Бриџ“.

Не се снајде Игуаин најдобро ниту во Премиер лигата, постигна до денес три погодоци за „Плавите“, кои полека остануваат без воздух во трката за првите четири позиции во ПЛ.

Така „Плавите“, како што пренесуваат англиските медиуми, би можеле да го вратат некогашниот напаѓач на мадридски Реал и Наполи во Јувентус.

Имаат опција да го задржат и по завршувањето на сезоната, т.е два опции, можат да го откупат или на позајмица да го задржат дополнителни 12 месеци.