Што е тоа притисок: Роналдо е несоборлив, дали ова е намерна игра на Ливерпул…?!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Модерниот фудбал со себе носи огромен притисок.

Надвор од теренот тоа е и повеќе од јасно, но фудбалерите умеат да се најдат во проблем кога треба на вистински начин да одговорат на натпреварувачкиот притисок.

Истражувачи на универзитетот во Левен во Белгија открија дека со помош на бројни параметри дека Кристијано Роналдо фантастично реагира на притисок, и дека тоа не влијае на неговата игра на теренот.

Слично е и со Кун Агуеро, кој редовно ја погодува мрежата од викенд во викенд без оглед на околностите.

Од друга страна, Нејмар е некој кој е способен да го изнесе тој притисок бидејќи под голем притисок се носат лоши одлуки на теренот.

Исто така, и Еден Азар често е во лоша форма поради тоа, па и не треба да чуди дека Белгиецот во минатото беше на удар на јавноста поради лошите игри во серија.

Истражувањето е правено на седум илјади натпревари во седум натпреварувања во текот на долга низа години, а параметри како играње дома или на страна, натпреварувачката важност на мечот или силната на противникот го одредуваа резултатот.

Белгијците открија дека Ливерпул има необично висок број играчи кои добро играат под притисок, но не се сигурни дали тоа е вистинската намера на „Црвените“ или тоа е плод на случајност.