Што правеше Дибала во Мадрид?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала ги поминал претходните неколку дена во Мадрид, а италијанските медиуми веднаш започнаа со шпекулации дека Аргентинецот отишол на преговори со челниците на Реал Мадрид.

Кралевите одамна покажуваат интересе за 24-годишниот фудбалер, а новодно се спремни да понудат голема сума за пари за него, па не е ни чудно зашто веднаш неговиот престој во Мадрид го поврзаа со Реал.

Меѓутоа, ДИбала во главниот град на Шпанија имал интересен состанок. Тој вечерал со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Тие разговарале долго, но нема информација за што точно се работи.

Се претпоставува дека Симеоне изразил желба неговиот сонародник да го види од ова лето во својот тим.

Веројатно Гризман ќе си замине од тимот, па на Јурганџиите им е потребна замена.

Сепак, официјална понуда сеуште нема, Се очекува такво нешто да има во текот на летото, па можно е да видиме и изненадувачки трансфер на Дибала во Атлетико или пак некој друг клуб.

Дибала е член на Јуве од 2015. година. Пристигна за 40 милиони евра од Палермо, а во кариерата уште настапуваше за аргентиснки Инситуто.