Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Вистински хаос се создаде на „Алијанц Арена“ по последниот свиреж на судијата на мечот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Реал славеше со 2-1 во првиот меч во полуфиналето на Лигата на шампиони, а по средбата неколку навивачи влегоа на теренот од различни причини.
Некои сакаа да направат само селфи со најголемите фудбалски ѕвезди, додека други ги плаше фудбалерите, а еден од нив сакаше да го нападне Франк Рибери.