Што се случува со Руни: Повреда или тешко пијанство?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Вејн Руни не играше во ремито на Англија и Шпанија, а додека од репрезентацијата тврдат дека станува за повреда, медиумите објавија фотографии на кои напаѓачот изгледа пијано.

    Англиските играчи добија слободен ден по победата против Шкотска во петок, а медиумите објавија слика на Руни од приватна забава во тимскиот хотел. Напаѓачот изгледаше како да претерал со алкохолот, па медиумите пишуваат дека тоа била негова главна причина зошто не играл.

    Таквите тврдења ги отфрли неговиот гласноговорник.

    „Вејн, како и цел тим, имаше слободна вечер. Наместо да излезе надвор, тој одлучи да остане во хотелот, да се опушти и да ја прослави победата.“

    „Во текот на вечерта му приоѓаа голем број на навивачи со желба да се сликаат, а Вејн тоа им го овозможи. Тажно е сега еден или двајца од нив да се обидат да го искористат пријателскиот однос на Вејн.“

    И селекторот Саутгејт го прашаа зошто не играл Руни против Шпанија, но тој јасно кажа дека станува збор за повреда на коленото.

    „Вејн се повреди на натпреварот во петокот и во недела не можеше да тренира. Тоа е се.“