Шурле се враќа во Премиер лигата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Андре Шурле овој месец би можел да се врати во Премиер лигата откако интерес за него искажа Вест Бромвич Албион.

Тимот предводен од  Алан Пардју го посакува поранешниот фудбалер на Челси како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Борусија Дортумнд се обидува да се ослободи од германскиот фудбалер затоа што тој воопшто не ги исполни очекувањата по пристигнувањето на „Сигнал Идуна Парк“ и е подготвена да плаќа дел од неговата плата само тој да си замине од клубот.

Покрај ВБА, Шурле е понуден на уште неколку клубови од Англија, но клубот кој настапува на „Хоутронс“ засега има најголеми шанси да го донесе во своите редови.