Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина ја коментираат мотивацијата на Ѓоковиќ по освојувањето на единствениот Грен Слем кој го немаше претходно освоено.
Ѓоковиќ е вистински владетел во светскиот тенис, успеа оваа сезона да го освои Ролан Гарос, но по тој трофеј, единствениот трофеј кој му недостигаше, тој направи мал пад.
Испадна на Вимблдон порано од што се очекуваше, а потоа и на ОИ во Рио беше елиминиран во првото коло.
Повредата беше главна причина за тоа, а на УС Опен, последниот Грен Слем во сезоната, успеа да стигне до финалето каде што беше поразен од Вавринка.
„После Париз како да престанав да уживам, не можев да ја најдам свежината никаде. Ме направија ранлив и повредите, но се надевам на успешен крај на сезоната.“
До крајот на годината, тој ќе игра во Пекинг, Шангај, Париз и на завршниот Мастерс во Лондон.