Ѓоковиќ изненаден: Пред 12 месеци бев повреден, а потоа освои три гренслем титули!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на Австралијан опен, откако го совлада Рафаел Надал со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-2 и 6-3.

По натпреварот Ѓоковиќ кажа дека не може да верува што поминал во последните 12 месеци. Прво поради повредата беше отпишан, а потоа освои дури три гренслем турнири.

„Честитки за Надал, кој се врати од повредата. Покажа зошто е тука каде што е и дека е вистинска дефиниција за борбен дух. Се обидувам да разберам што се случи во претходните 12 месеци. По повредата и враќањето освоив три гренслем турнири, а тоа е неверојатно. Им благодарам на сите за поддршката и за тоа што ми помогнаа да стигнам до голем успех“, кажа Ѓоковиќ.