Ѓоковиќ му одржа лекција на Надал и го освои Австралијан опен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Австралијан опен, откако денеска му одржа лекција на Рафаел Надал во финалето и го совлада со 3-0 во сетови.

Ѓоковиќ покажа дека е во одлична форма, па уште во првиот сет можеше да се забележи дека ќе одигра фантастичен дуел, откако го освои со 6-3.

Шпанецот се обидуваше да се одржи во игра во вториот сет, но Ѓоковиќ беше фуриозен и стигна до 6-2, односно 2-0 во сетови.

Во третиот сет Надал повторно загуби гем на свој сервис, па Ѓоковиќ со експресни 6-3 го освои турнирот во Мелбурн по седми пат во кариерата.

Тоа значеше и испишување на историја, откако стана првиот тенисер со седум трофеи на првиот гренслем турнир во сезоната.