Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ беше поразен во финалето на завршниот турнир во Лондон од Александер Зверев од Германија, но 2019 година ќе ја почне како најдобар тенисер во светот.
Српскиот тенисер ја почна својата 226 недела на чело на АТП-листата со 9.045 бодови, втор е Рафаел Надал со 7.480 бодови, а трет е Швајцарецот Роџер Федерер со 6.420 бодови, односно само 35 повеќе од четвртопласираниот Зверев.
Во топ 10 уште се наоѓаат Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеи Нишикори и Џон Иснер.