Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ се пласираше во 3-то коло во Шангај со победата против Фоњини, а во наредно коло ќе игра против подобриот помеѓу Поспишил и Димитров.
„Бев задоволен и со фактот дека сум на теренот повторно бидјеќи го пропуштив натпреварот во Пекинг. Се враќаат прекрасни спомени и емоции.“
„Се трудев да се концентрирам на играта и на работите кои ги правев во претходните недели и верувам дека мора играта да ми биде подобро во секоја недела.“
Пред почетокот на Мастерсот, Ѓоковиќ зборуваше дека се обидува повторно да ужива во тенисот и да не се замара со освојување на турнири.
„Многу е едноставно. Се обидувам да ги гледам работите од друг агол. Секако, кога ќе излезам на теренот, се обидувам да дадам се од себе и да победам, но тоа е резултат на пристапот и подготовката.Тоа е тоа…“