Ѓоковиќ призна кој е најдобар во светот на тенисот


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Новак Ѓоковиќ беше поразен од Енди Мареј во финалето во Лондон.

    Мареј во 2 сетови, полесно од очекуваното го победи Ѓоковиќ, па 2016-та година ќе ја заврши на првата позиција.

    „Одлична година за мене, се случија многу работи на кои можам да бидам горд, особено првите 6 месеци. Двајцата бевме дел од историјата на овој натпревар, чест е да се биде дел од ова случување.“

    „Мареј е најдобар тенисер во светот во овој момент, заслужи да победи. Играше подобро, а јас во важни моменти не успеав да се вратам. Играв многу подобро како поминуваше натпреварот, но тоа не беше доволно.“