До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од нашите најперспективни фудбалери, Никола Ѓорѓев периодот што претстои ќе го мине на проба во австрискиот прволигаш, Алтах.
Ѓорѓев е во немилост на новиот тренер на Твенте и веќе е јасно дека за него нема место во првиот тим на холандскиот прволигаш. Нашиот талентиран фудбалер летоска премина во Твенте од Грасхоперс на двегодишна позајмица, но по смената на тренерот на клубот воопшто не добиваше шанса.
Ѓорѓев во моментов се наоѓа во Анталија каде Алтах ги има подготовките во пресрет на втората полусезона во австрискиот шампионат. Клубот во моментов се наоѓа на седмата позиција во австриската Бундеслига.















