Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ детално зборуваше за допинг скандалот на Јаник Синер од претходно годинава.
Италијанецот беше суспендиран на три месеци откако беше позитивен на забранетата супстанца клостебол.
“Тој допинг случај е облак што ќе го следи, како што облакот околу ковидот ме следеше мене, до крајот на неговата кариера во тој случај. Кога тоа ќе се случи… Со тек на време ќе избледи, но мислам дека никогаш целосно нема да исчезне. Секогаш ќе има некои групи на луѓе кои ќе го истакнуваат тоа”, рече Ѓоковиќ во воведното обраќање.
Го познава Синер веќе долго време.
“Видете, го знам Јаник од кога имаше околу 13-14 години. Првиот тренер кој работеше со него во тие клучни години беше истовремено и мој, Рикардо Пјати. Многу тренирав во академијата на Пјати во Италија и вежбав со Синер додека беше уште јуниор. Беше како мене – слаб, висок, растеше на скии, на планините… Значи, многу слична приказна на мојата”, додаде Ѓоковиќ.
Иако уште еднаш истакна дека верува во невиноста на Синер, додава дека тоа не го ослободува одговорност, и дека не е соодветно казнет.
“Сакам да верувам дека тоа не го направил намерно, но секако е одговорен. Такви се правилата, одговорен си кога нешто такво ќе се случи. Кога ќе видиш некого за нешто многу слично или исто, тие се казнуваат со години, а тој само на околу три месеци, тоа едноставно не е во ред. Очигледно е дека не му е лесно и имам чувство на емпатија и сочувство кон него и мислам дека ги преживеа брановите на медиуми кои се враќаат одвреме-навреме. Тој тоа го носи многу добро, зрело и трпеливо. Му честитам за тоа. Дефинитивно не е лесно. Среде сето тој доминира. Игра неверојатно и освојува грендслемови”, заклучи Ѓоковиќ
















