ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Легендарниот Никола Пилиќ беше погребан во сабота на гробиштата во Опатија, а на последното испраќање присуствуваа само најблиските пријатели и тенисерите кои ги ‘создал’ низ годините. Меѓу нив беше и Новак Ѓоковиќ, кој одржа проштален говор.
Великанот на светскиот тенис Никола Пилиќ почина пред неколку дена, на 87. годишна возраст.
Познатиот тренер остави неизбришлив траг во светот на тенисот. На неговата академија се издигнаа бројни врвни играчи, а најголемото име е секако Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер беше еден од ретките кои имаше можност да се прости од Пилиќ. Тој одржа и говор кој ќе се памети.
“Ние сме суштински негови ученици, негови следбеници, негово наследство. Тој ќе живее – засекогаш. Додека сме ние живи, ќе го славиме неговото име и сето тоа што го направи за тенисот – хрватскиот, нашиот во Србија, европскиот, светскиот…”
“Ти благодарам, Нико и наздравје”, порача Новак.