До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со своето доаѓање на Мастерсот во Индијан Велс.
Веќе неколку дена е во САД, каде што секој негов тренинг беше посетен, а на еден од нив направи и интервју.
Додека потпишуваше автограми, дечкото го праша Новак три прашања и доби одговори.
Најпрво рече дека омилената му храна е овошјето, а потоа и поради кого почнал да се занимава со тенис.
“Како дете го гледав Пит Сампрас како го освојува Вимблдон. Пит ме инспирираше и Моника Селеш”, рече Ѓоковиќ.
Потоа следеше прашањето кој му бил досега најтежок меч во кариерата, но не беше многу во дилема:
“Финалето на Австралија Опен во 2012 година со Надал”, одговори Ѓоковиќ.














