Ѓоковиќ продолжи да се „лизга“ на АТП-листата


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


На новата АТП листа, објавена денес, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го подобри пласирањето за една позиција и денеска е на шестото место. Ѓоковиќ има 4.130 поени.

Ѓоковиќ беше престигнат од Британецот Џек Дрејпер, откако српскиот тенисер загуби од Италијанецот Матео Арналди во второто коло на турнирот во Мадрид, што е четврти пат на последните пет турнири да испадне на првиот одигран меч, по елиминациите во Монте Карло, Индијан Велс и Доха.

Прв на АТП листата е и натаму Италијанецот Јаник Синер, на кого денес му заврши тримесечната суспензија, со 9.730 поени, пред Германецот Александер Зверев со 8.085 поени и Шпанецот Карлос Алкарас со 7.850 поени.

Фото: Принтскрин