Ѓоковиќ се налути: Оставете ме на мир!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно негативно одговори на тврдењата дека размислува за пензија.

Во последните неколку години впечаток е дека повеќе се зборува за пензијата на Ѓоковиќ отколку за било што друго.

Српскиот ас постојано мора да одговара на прашања за тоа кога ќе замине во пензија, дали размислува за истото, до кога планира да игра…

Така беше и во Атина, каде што даде нешто порешителен одговор.

„Оставете ме на мир!”, рече Новак.

„Пуштете ме да играм и да се забавувам. Нема одбројување. Секако дека ми падна на ум, но одиме со моето темпо. Ќе престанам кога ќе сакам, не кога другите мислат дека треба”, додаде тој.

Ѓоковиќ во мај наполни 38 години, а наскоро потоа ја освои 100-та титула во кариерата во Женева.