Ѓоковиќ со мали проблеми до 1/8 финале на Австралијан опен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралискиот опен, со победа над Ботик ван де Зандшулп.

На овој натпревар, освојувачот на 10 титули во Мелбурн немаше помош од тренерот Борис Бошњакиќ, кој го мачи вирус.

Тоа не му пречеше на Новак да го реши натпреварот рутински против Холанѓанецот, кој го победи минатата сезона во Индијан Велс.

Следниот противник на Новак ќе биде подобриот од дуелот меѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.