„Ѓоковиќ стои зад своите ставови, дури и кога сите се против него“


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Патрик Муратоглу, прочуениот тениски тренер, истакна дека има огромна почит за сето она што го прави Новак Ѓоковиќ.

Французинот спомена особено еден сегмент, кој не е толку поврзан со тенисот.

„Знаете ли што најмногу ми се допаѓа кај Новак? Тој е голем шампион, на кого не му е важно мислењето на другите луѓе. Има свои ставови и уверувања зад кои стои, дури и ако сите се против него. Тоа е неверојатно“, истакна Муратоглу.

Патрик ја поткрепи својата теза дополнително.

„Живееме во свет во кој сите ги следат трендовите и се плашат да направат нешто погрешно. Новак е внимателен, но кога верува во нешто, никој не може да го запре. Тоа е навистина посебно и тоа се вредности што ги почитувам посебно во ова денешно време на социјалните мрежи и сè што ги следи“, заклучи Муратоглу.

Фотографија: Принтскрин