Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ, четирикратен шампион на Мастерсот во Шангај, во неделата ја запиша својата 41. победа во кариерата на турнирот во Кина, но не му беше ни малку лесно.
Два часа и 42 минути борба со инспирираниот Германец Јаник Ханфман, загубен почетен сет и потоа одличен пресврт, но сето тоа беше многу поголем предизвик поради тешките услови за игра.
Mногу тенисери се жалат на ужасно големата влажност во Шангај, па логично е дека тоа му пречи и на Новак. Камерите забележаа дека за време на една од паузите меѓу гејмовите, мораше да поврати, па по мечот откри колку му било тешко.
“Го зборував тоа и претходно, исто е за секој играч кој излегува на теренот. Брутално е кога имате влажност на воздухот од 80 проценти ден по ден. За момците, особено кога е многу топло, уште е побрутално. Така е како што е, едноставно, мора да се справите со тоа. За мене, биолошки е уште поизвршното да се справам со тоа“, признава Ѓоковиќ.