Ѕвезда на Тотенхем го испушти воениот рок, а сега ја пропушта и својата – свадба!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин даде интересна изјава за „Гардијан“. Репрезентативецот на Јужна Кореја игра важна улога во дресот на лондонскиот клуб, зашто фудбалот му е на прво место веќе со години.

Интересно е тоа што фудбалерот ги пропушти воените рокови во Јужна Кореја, зашто играше на високо ниво, па смета дека жената, односно семејството е на второ место, а за тоа ќе размисли кога ќе ја заврши кариерата.

„Се сложувам со татко ми. Тој вели дека кога сте оженет, семејството станува број еден, а фудбалот паѓа во втор план. Сакам да играм на врвно ниво, а кога ќе се пензионирам, тогаш ќе се посветам на жената и семејството“, вели Сон.

Сон пред да се пресели во Тотенхем, настапуваше за Баер  Леверкузен и ХСВ во Германија, а очигледно нема намера да ја напушти Англија во брзо време.