Ѕвезда на Јувентус сака да заигра за Реал Мадрид


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала, наводно, има намера да замине од Јувентус и да се пресели во Реал Мадрид.

Од доаѓањето во тимот во 2015. година од Палермо, 24-годишниот играч е еден од главните фудбалери. Одличните настапи привлекоа голем интерес, па Дибала се поврзуваше со Реал, Барселона и Манчестер сити.

„Кралевите“ наводно испратиле и понуда од 180 милиони евра, која била одбиена. Сепак, со оглед на тоа дека понудата била висока, а Дибала сакал да се пресели во Реал, постоела голема можност да се реализира трансферот.

Дибала сака да замине во Реал, „кралевите“ го посакуваат и останува да видиме дали „старата дама“ би прифатила понуда во наредниот преоден рок за него.