Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Ферланд Менди нема да настапи на Светското клупско првенство. Потврдено е дека поради нова повреда ја заврши сезоната. Во финалето на Кралскиот куп против Барселона играше само 11 минути, по што мораше да излезе од игра. Дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на тетива, а проценката е дека го очекува пауза од 10 до 12 недели.
За време на оваа сезона, Менди имаше четири одделни периоди на отсуство поради здравствени проблеми – по еден секое тромесечие. На почетокот имаше повреда на мускулите, но како тоа се совпадна со репрезентативната пауза, не пропушти ниту еден натпревар на Реал.
Потоа, поради проблеми со квадрицепс, беше надвор од тимот четири натпревари. По враќањето одигра серија од 21 натпревар без прекин, за потоа да се соочи со пукнување на левиот бутен мускул (biceps femoris).
Фото: Принтскрин