Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веруваме дека сите знаете за односот помеѓу Пеп Гвардиола и одличниот фудбалер, Јаја Туре откако шппанскиот стратег пристигна на „Етихад“.
Туре доби порака дека може да го напушти Манчестер Сити, се уште нема апсолутно никаква улога во својот тим. Иако на почетокот се тврдеше дека конфликт не постои, се покажа дека работата е посериозна отколку што се мисли.
Па така, првиот чекор за помирување вчера го направи фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска. Имено, иако беше тврдоглав и не сакаша да попушти, Туре свати дека вака повеќе не може, па преку неговиот агент побара да се подобрат односите со шпанскиот стратег.
Туре смета дека тој е во играчките години кога не смее да дозволи три месеци да не биде во сериозните планови на својот клуб, пренесува „Daily Mirror“. Како Гвардиола ќе реагира на овој потег ни останува да видиме во следните неколку дена.