Јувентус во големи проблеми пред дербито со Севиља!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин би можел да го пропушти дерби натпреварот во 5-то коло од ЛШ со Севиља.

    Тој доби удар на последниот натпревар со Пескара, почуствува силна болка во десното стапало и неговото учество на натпреварот против Севиља сеуште е неизвесно.

    Ова можеби и не би било толку голем проблем ако Дибала беше способен да игра, но тој е повреден, па Алегри ќе мора да смисли план Б, бидејќи здрав е само Манџукиќ.

    Некои медиуми наведуваат дека друштво на Хрватот во нападот ќе му прави Квадрадо.

    Севиља и Јувентус се борат за првото место во група Х, шпанскиот тим има 10, а Јуве има 8 бодови.

    Натпреварот се игра во вторник од 20:45.