Јувентус ги одби Јунајтед и Рома, па сега е во преговори за – ѕвезда на Реал Мадрид!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јувентус испрати негативни одговори на сметка на Англичаните и Римјаните, но сега го чекаат претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да реши и подготвени се за позитивен одговор.

Јувентус нема да ги менува своите фудбалери, а идејата на Манчестер јунајтед беше да го замени Пол Погба со Миралем Пјаниќ, но тоа беше одбиено.

Од друга страна, Мончи ги сака Даниеле Ругани и Квадрадо, а го нуди Манолас, но ниту тоа не го прифатија „бјанконерите“.

На крајот Хамес Родригез сака да се пресели во Јувентус, но проблемот е тоа што Реал Мадрид сака да го врати и ако не го купат Баварците, не е јасно со кого Јувентус би преговарал.

Инаку, Колумбиецот сака да замине уште во јануари, но шансите да заврши во Торино се многу мали.