Јувентус има голем сон: Тргнаа по најскапиот тренер на денешницата…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми денес пласираа интересна информација.

„Спорт медиасет“ пишува дека Пеп Гвардиола е последен меѓу тренерите кои се во потесниот избор за следната сезона во Јувентус. Шпанецот е сон на Јувентус, но ќе биде и повеќе од тешко да го донесат во Торино.

Сепак, да се сетиме само на ситуацијата на Кристијано Роналдо, па оттаму зошто нешто слично да не се случи и со Гвардиола.

Интересно е што неговиот брат Пере, инаку негов агент е виден во Торино изминативе денови, како што се наведува веќе постојат контакти.

Гвардиола е еден од најскапите тренери на денешницата, Јувентус би морал добро да се подготви да преговара со него…