Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утревечер ќе се судрат на „Сан Сиро“, а изгледа дека старите сојузници во јануари повторно ќе имаат соработка.
Како што се наведува, договорот е блиску, Јувентус сака да ја заврши работата за да ослободи место за Де Лихт од Ајакс кој, по се судејќи на лето ќе пристигне во Торино. Трансферот според некои информации би требало да биде околу 50 милиони евра, а дел од парите Италијанците ќе ги добијат од Мехди Бенати.
Имено, Мароканецот сака да замине не игра доволно како што вели самиот, има 31 година и нема време да седи на клупата, а со враќањето на Бонучи го загуби местото во тимот.
На Милан му треба стопер, Калдаро кој пристигна од Јувентус се повреди, ќе биде отсутен, па договорот е на прагот.
Имено, „Росонерите“ би го добиле Бенати на позајмица за откупна клаузула од 15 милиони евра на крајот од сезоната. Откупот станува обврзувачки, ако Мароканецот одигра одреден број на дуели. Нема се уште потврда, но италијанските медиуми пишуваат дека договорот е многу блиску, со тоа што пред тоа Алегри има намера да го форсира Ругани кој ќе потпише нов договор.