Јувентус нуди 120 милиони евра за „новиот Роналдо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е подготвен да понуди 120 милиони евра за ѕвездата на Бенфика, Жоао Феликс.

Станува збор за офанзивен фудбалер, кој има само 19 години, а по него „полуде“ цела Европа. Феликс е млад, но неговите бројки се неверојатни. Тој сезонава одигра 28 натпревари и постигна 11 голови и шест асистенции во сите натпреварувања.

Шпански „АС“ пишува дека Јувентус е во „пол позиција“ за неговиот потпис, откако директорот на „Старата дама“, Фабио Паратичи одржал преговори со претседателот на Бенфика, Фелипе Виеира и агентот Жорж Мендеш.

Исто така, „АС“ пишува дека Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Бенфика, Рубен Диас, кој би пристигнал за 60 милиони евра.