Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Без разлика на големите понуди и интересот на многу други клубови, Миралем Пјаниќ и летово ќе остане член на Јувентус, а денеска ќе потпише нов договор.
„Медијасет Премиум“ пишува дека е подготвен нов договор за Пјаниќ и денеска истиот ќе биде потпишан. Според него, Миралем ќе добива плата од седум милиони евра годишно, односно два ипол милиони повеќе.
Тоа значи дека примањата ќе ги израмни со тие кои ги има неговиот соиграч Пауло Дибала и според тоа може да се забележи колку им значи Пјаниќ на „бјанконерите“.
Инаку, Пјаниќ ќе остане во Торино до 2022. година, а пристигна во Јувентус во 2016. година од Рома за 32 милиони евра.
Да потсетиме, Јувентус првиот натпревар во италијанската Серија А го игра против Киево за два дена.