Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион на Италија, Јувентус во летниот преоден рок сака да го донесе 27-годишниот грчки стопер од Рома, Костас Манолас.
Гркот веќе пет години успешно ги брани боите на „Волчицата“, која некако го задржа досега, но дефинитивно нема да може повеќе да ги одбива понудите на европските гиганти.
Манолас се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но очигледно Јувентус планира да ја активира откупната клаузула на Гркот, па да ја освежи одбраната.
Дефанзивецот би можел да биде само еден во серијата на фудбалери кои ќе стигнат во торино, а покрај него „Старата дама“ го посакува и Матијас де Лигт од Ајакс.
„Старата дама“ планира да ја активира откупната клаузула од 36 милиони евра за грчкиот дефанзивец, а ако го направат тоа, тогаш ќе треба да ги договорат само личните услови на Манолас, а тоа најверојатно нема да биде проблем.
Да потсетиме, Рома и Јувентус соработуваа и пред три години. Тогаш во Торино замина Миралем Пјаниќ за повеќе од 30 милиони евра.