До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дилема повеќе нема, Италијанецот се враќа во Серија А.
Матео Дармијан ќе биде првото засилување за Интер во зимскиот преоден рок, поради тоа што Манчестер Јунајтед прифати да го продаде на миланскиот тим.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Жозе Мурињо го отпиша десниот бек и порача дека клубот може да го продаде во јануарскиот преоден рок.
Газета дело Спорт тврди дека Дармијан прво ќе оди на позајмица, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната.
Дармијан во минатото лето стигна во Јунајтед од Торино за 20 милиони евра, кај Ван Гал беше стандарден, но сега неговото место го зазема Антонио Валенсија.
Нема сомнеж, Дармијан ќе биде големо засилување за тимот на Франк Де Бур кој има проблем на бековските позиции, а не треба да се заборави дека фудбалерот на Јунајтед може да ги покрива двете страни, како и да игра во формација 3-5-2 како крилен играч.















