Јунајтед останува со празни раце: Евертон купува репрезентативец на Англија!?


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Според англиските медиуми, Евертон бара лев бек, а најголем интерес покажува за Дени Роуз.

Долго време се зборува за негово заминување од Тотнем, зашто Покетино го остави во втор план, па најчесто се поврзува со Манчестер јунајтед, но Евертон се вклучи во трката.

„Карамелите“ мораат да размислат за лев бек, зашто Лејтон Бејнс полни 34 години, па купувањето на Роуз за 37 милиони фунти би завршило голема работа на таа позиција.