До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Скај Спортс дознава дека претставниците на Маруан Фелаини ќе се сретнат со челниците на Манчестер Јунајтед за да разговараат за нов договор на крајот на оваа недела.
Договорот на белгискиот интернационалец со „црвените ѓаволи“ истекува по крајот на оваа сезона, но како што стојат работите истиот ќе биде продолжен.
Имено, вчера Фелаини истакна дека смета дека клубот згрешил што не му понудил нов договор минатата сезона кога тој го барал тоа. Сега, кога Мурињо и целиот стручен штаб сакаат Фелаини да остане, Белгиецот побара поголеми примања кои од таборот на Манчестер веројатно ќе му ги исполнат.
Инаку, играчот од средниот ред посочи дека на негова адреса има неколку интересни понуди, а изјави и дека нема проблем да игра во Кинеската Суперлига.















