Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Барселона во дербито на 2. коло од Лигата на шампионите го пречека ПСЖ, но за жал, не можеме да го гледаме дуелот на двајца од најдобрите играчи на светот. Усман Дембеле е надвор од теренот поради повреда, па Ламине Јамал одлучи да покаже дека сепак тој е најдобар.
Ламине Јамал вечерва е феноменален во дресот на Барселона. Како да одлучил, овој 18-годишник, да покаже на сите дека е подобар од Усман Дембеле.
Ѕвездата на Барса ги доведува во лудило играчите на ПСЖ. Буквално се поигрува со нив и се забавува на теренот. Погледнете дел од она што младиот фудбалер на Барса го изведе на отворањето на натпреварот, кој неодамна ја изгуби битката за најдобар фудбалер на светот.
Златната топка отиде во рацете на играчот на ПСЖ, Усман Дембеле. Најдобриот на светот вечерва не е на теренот и го пропушта дуелот против својот поранешен клуб.
.Nuno 💤💤💤😴😴😴 pic.twitter.com/0R01jGl2jG
— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) October 1, 2025