Јасно како ден: Анчелоти не го сака Нејмар на Светското првенство!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нејмар во последниот натпревар против Рем одигра солидно, но Анчелоти не го повика во националниот тим, бидејќи нема континуитет на добри игри, а како “шлаг на торта” доби и жолт картон поради кој ќе го пропушти дуелот против Фламенго, кој е многу важен за Сантос.

Не е само тоа, факт е дека Нејмар не беше на 100% во последните неколку години, што би можело и да му наштети на националниот тим.

Како што наведуваат бразилските новинари, 24 играчи се сигурни од 26 кои ќе ги води Анчелоти, а Нејмар не е меѓу нив…

За преостанатите две места се борат три играчи, а тоа се Ендрик, Игор Тијаго и Лука Паќета.