„Љубителите на Ф1 треба да добиваат пари за да ја гледаат“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо изјави дека верува дека љубителите на Ф1 треба да добиваат пари за да го гледаат тој спорт, бидејќи за малку ќе заспиел додека покрај патеката го следел вториот тренинг за ГН на Бразил.

    Поранешниот светски шампион во поселдната третина на вториот тренинг во петокот на патеката „Интерлагос“ ги следеше колегите покрај патеката, по расипувањето на болидот.

    „Љубителите на Ф1 сакаат да видат брзи болиди, да не можат да ја затворат устата од воодушевување кога поминуваат покрај вас. Бев 30 минути на патеката и ми се спиеше. Среќа што најдов стол и камера. Да не најдев, ќе заспиев. Треба да ги плаќаме луѓето кои се на трибините да ги гледаат болидите.“

    Алонсо им беше најзабавен на навивачите кога камерман го праша дали сака да ја превземе контролата врз камерата.

    „Морам да одам во чекор со технологијата и подобро да научам да го контролирам џојстикот со кој се контролира камерата, бидејќи многу е чувствителен. Ми кажаа преку радио дека ќе пуштат преку таа камера кога Перес ќе приоѓа, па јас се обидов да го најдам, но наместо него најдов небо и асфалт. Жал ми е што бев толку лош со камерата.“

    Алонсо во текот на третиот тренинг во Сао Паоло беше 10-ти, а каков ќе биде во квалификациите ќе дознаеме малку подоцна.