„Љубомора или нешто друго?: Анри е аматер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот Тиери Анри од неодамна работи како помошник во репрезентацијата на Белгија, каде што е десна рака на новиот селектор Роберто Мартинез.

    Неговото доаѓање во стручниот штаб на Црвените ѓаволи ги израдува речиси сите фудбалски љубители во Белгија, но не сите. Досегашниот селектор на Белгија Марк Вилмотс имаше што да каже за Анри, кој индиректно го нарече аматер.

    „Не можете да работите како тренер во една таква репрезентација и притоа да бидете спортски коментатор. Тоа е чист аматеризам и јас сум против тоа“, рече Вилмотс.

    Марк Вилмотс ќе остане запаметен како човек кој на две големи натпреварувања не успеа да направи исчекор со репрезентацијата која важи за една од најсилните на светот