„Ќе ја завршам кариерата како Данкан, а не како Брајант!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот германски кошаркар, Дирк Новицки сака да ја заврши кариерата како Тим Данкан.

    Ѕвездата на Далас минатото лето го продолжи договорот со клубот од Тексас на 2 години, а неговото пензионирање не сака да го направи како што тоа го направи Коби Брајант.

    Да потсетиме, поранешниот ас на Лејкерс пред почетокот на минатата сезона изјави дека ја игра последната сезона во кариерата и од тој момент простувањето од Коби стана планетарен спектакл.

    „Кога Брајант во последниот натпревар излезе и постигна 60 поени бев импресиониран. Сепак, би се повлекол како Данкан од кошарката, не сакам да бидам во центар на внимание.“

    38-годишниот Германец во 1998 година беше 9-ти пик на Милвоки на НБА драфт-от, но веднаш потоа премина во Далас каде што ја помина целата кариера.

    Новицки со Далас во 2011 година ја освои титулата и беше прогласен за МВП во финалната серија. Четири години претходно беше најкорисен играч во НБА.