Џеко и Манолас за победа на Рома во дербито против Интер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Рома го победија Интер со 2:1 во дербито од 7 коло на италијанската Серија А.

    Фантастично прво полувреме е видено на Олимпико, а веќе после првите пет минути Рома поведе.

    Одличната топка на Бруно Перес во погодок ја претвора Един Џеко за предност од 1:0.

    Потоа Интер погоди статива, шансите се редеа пред двата гола, Салах на едната и Кандрева на другата страна промашија зицери, а уште една одлично шанса пропушти Џеко.

    Истотака, фантастичен на голот на Роам беше и Војчек Счезни, кој имаше неколку фантастични одбрани, па Рома благодарение на него отиде на одмор со предност од 1:0.

    Продолжението донесе нешто послаба фудбалска претстава со многу помалку шанси.

    Нешто подобрата игра на Интер се исплати во 73 минута.

    Евер Банега погоди за израмнување на резултатот на 1:1.

    Сепак, само четири минути траеше радоста на Нероаѕурите.

    После  слободен удар Костас Манолас највисок е во скокот, и го матира Самир Хандановиќ за предност на Рома од 2:1.

    На крајот овој резултат беше и конечен, и Рома после ова коло е на третото место.