АБА лига–Решавачкиот натпревар во Загреб ќе се игра на 2-ри април!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


3-от натпревар од ½-финалната серија на плеј-оф на АБА лигата помеѓу Цедевита и Партизан е поместен за 2-ри април.

Натпреварот кој ќе реши кој ќе биде финалист во АБА лигата, а требаше да се одигра на 1-ви април, е поместен за еден ден подоцна.

Носителот на ТВ правата за натпреварите од АБА лигата во Србија и Хрватска бараше натпреварот да биде одигран на 2-ри април, па на крајот дојде до поместување.

Па така натпреварот ќе се игра на 2-ри април во Загреб од 19 часот.

Првиот натпревар го доби Цедевита со резултат 83:76, а вториот го доби Партизан со 74:73.