Абрамович може да жали: Челси во јануари испуштил голем бисер


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси во јануари ангажираше две засилувања, односно во тимот стигна Гонзало Игуаин од Јувентус и ќе игра на позајмица до крајот на сезоната, а најверојатно ќе остане и следната сезона на позајмица на „Стемфорд бриџ“.

„Сините“ го купија и Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд, а Американецот ќе се пресели во Лондон на лето.

Пулишиќ би можел да биде и единственото засилување за „сините“ на лето, зашто Челси доби забрана за трансфери, поради нелегално ангажирање на малолетни фудбалери.

Поточно, добија забрана за регистрирање фудбалери во наредните два преодни рока, па тие поднесоа жалба, а се очекува одлуката.

Челси можел да ангажира уште едно големо засилување во јануари, но тие ги испуштиле Пабло Сарабија од Севилја.