Абрамович подготови фантастична понуда за играч на Лацио


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Челси е подготвена до крајот на преодниот рок да донесе уште едно големо име

Челси досега ги ангажираше само Жоржињо и Роберт Грин. Жоржињо беше платен неверојатни 57 милиони евра, но очигледно тоа нема да биде единствено големо засилување за „сините“.

Англиските медиуми пишуваат дека Роман Абрамович е подготвен до крајот на преодниот рок да го ангажира и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Не треба да се сомневаме дека Милинковиќ-Савиќ би можел да биде замена за Еден Азар, за кого постои можност да се пресели во Реал Мадрид.

Освен Челси, за Сергеј интерес покажуваат и клубови како ПСЖ и Јувентус.