Австралијан Опен – Познати се можните противници на Мареј и Ѓоковиќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одбраната на титулата во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе ја започне против човекот кој го намачи во Мелбурн.

Ѓоковиќ е втор носител на турнирот додека Вердаско не е меѓу носителите, а моментално е на 40-та позиција во светот. Тие двајца неодамна играа во Доха, а Србинот имаше големи проблеми против него.

Ѓоковиќ во евентуалното второ коло може да игра со победникот од натпреварот Истомин и квалификант. Можни противници во ½-финалето се Раониќ, Монфис и Надал.

Првиот носител Енди Мареј го започнува натпреварувањето против Илија Марченко, а во евентуалното второ коло го чека побеникот од натпреварот помеѓу Лу Јенсун и квалификант.

Роџер Федерер има тешка работа, бидејќи во 1/8-финалето го чека 5-от носител Кеи Нишикори, а во ¼-финалето најверојатно Мареј.

Натпреварувањето започнува во понеделник.