Четири скокалници: Австриецот Крафт најдобар во Оберсдорф


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт триумфираше во германскиот Оберсдорф каде стартуваше овогодинешното издание на четирите новогодишни скокалници.

Крафт, победникот на новогодишната турнеја од пред две сезони до победа стигна со вкупен скор од 308 бода заблагодарувајќи на скоковите од 139 и 134.5 метри.

Второто место со 2.8 бода помалку беше наменето за пољакот Камил Штох, а трет заврши Михаел Хајбек.

Лидерот во генералниот пласман, Домен Превц беше катастрофален и заврши на 26-то место, а помеѓу словенците најдобар беше Цене Превц на осмата позиција, а најстариот од браќата, Петер Превц заврши на десетото место.

Турнеата продолжува во недела во Гармиш Партенкирхен.