Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со пораз ги започна натпреварите во Втората АБА Лига, која премиерно се одржува оваа година.
Охриѓани на домашен терен беа поразени од Борац Чачак со 62:82 (14:21, 19:20, 18:20, 11:21).
Тимот од Чачак е еден од главните фаворити за титулата во ова натпреварување, а избраниците на Петар Чочоровски, иако резултатот не го покажува тоа, беа тврд орев за гостите до Србија.
Реми Бери беше најефикасен во редовите на АВ Охрид со 21 уфрлен поен, додека Кенет Рос мечот го заврши со 13 кошеви.
Марко Стојановиќ беше најпрецизен во таборот на Борац Чачак со 21 постигнат поен, а при тоа запиша и 13 скокови.