Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд пред неколку дена и официјално го ангажираше Аксел Витсел како засилување на тимот за следната сезона.
Германците го обезбедија потписот на Витсел за кого интерес имало и од Манчестер Јунајтед и Наполи. Тоа го потврди и самиот агент на фудбалерот кој во изјава за белгискиот медиум „ХЛН“ потенцираше дека го советувал да ги одбие понудите на Манчестер и Наполи.
„Имаше и други кандидати за него. Манчестер Јунајтед го посакуваше. Наполи исто така. Но, јас му кажав на Аксел дека во Дортмунд ќе е број еден, а во Манчестер Јунајтед ќе биде еден од многуте…во Наполи исто така“ –изјави Паул Стефани, агентот на Белгиецот.