Агентот потврди – Две опции за Марко Верати, војната може да почне


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марко Верати би можел да биде златната кокошка на фудбалскиот пазар.

Агентот на репрезентативецот на Италија потврди дека Верати би можел да се пресели во Интер или Јувентус ако ПСЖ се согласи на преговори.

Верати се споменува како голема желба на Интер и Јувентус.

„Марко сака да победува, неговата кариера не смее да биде обележана со трофеи во Лига 1. Верати и понатаму сака да победува со парижаните, но ако не успее во тоа ќе видиме што ќе биде во иднина“, изјави Верати.

„Интер е голем клуб кој се стабилизира со новите спонзори, а сите знаат каков е Јувентус. Сепак, ПСЖ во овој момент е скап бутик за шопинг. Се разбира дека би се адаптирал во Интер и Јувентус“, изјави Донати Ди Кампли.